Вести

Израелскиот обвинител побара истрага против премиерот Нетанјаху

Сподели:

netaniahou

Израелскиот обвинител Авишај Менделблит побарал да се отвори истрага против премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, соопштило вчера израелското министерство за правда, јавуваат локалните медиуми.

Според медиумите, станува збор за сомнежи дека израелскиот лидер или некој од неговото семејство примил голема сума пари од странство.

Сепак, од министерството за правда не соопштиле за каква истрага точно станува збор.

Израелските медиуми минатата недела пишуваа дека големата сума пари не била за политички цели.

Портпаролот на Нетанјаху во реакција на соопштението истакнал дека „како и во претходните случаи, кога се работело за неосновани тврдења против Нетанјаху, така и сега, нема да има ништо“.

Како што пишува „Ерусалим пост“, пратеникот во израелскиот Кнесет (парламент) од редовите на Ционистичката унија, Ерел Маргалит, зборувајќи за истрагата, во саботата рекол дека политичкиот систем треба да се подготви за избори наскоро бидејќи Нетанјаху по сè изгледа нема да го заврши својот мандат неизвалкан.

„Нетанјаху потроши 80 отсто од својот мандат на замолчување на сомневањата и на истрагите за поврзаност со некои од најголемите измамници во Европа. Актуелната загриженост за примање пари кои не се поврзани со изборите е повеќе од сомнителна“, рекол Маргелит.

meta.mk

Сподели: