Извешајот на СЈО одложен за во среда

Сподели

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во среда ќе го презентира четвртиот извештај за сработеното во периодот од 15. септември лани, до 15. март годинава, како што рече претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацоски.

Иако точката на дневен ред пред Комисијата за политички систем беше ставена да дневен ред денеска, сепак власта и опозицијата се договорија извештајот на СЈО да го разгледуваат за два дена. Инаку освен документот за работата на Јанева, пратениците разгледуваа извештаи уште на неколку институции.

ВМРО – ДПМНЕ реагираше на одлуката документот да биде доставен до нив без да присуствува никој од засегнатите за јавно да го презентира.