Полициски службеници од ОВР Кочани, преземајќи мерки и активности, го лишија од слобода Д.С.(43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на Кочани.
По наредба од суд, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела.
По целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


