Вести Македонија

Јанева се сретна со Андреа Орландо, министерот за правда на Италија

Сподели:

Orlando_wiki

Министерот за правда на Република Италија, Андреа Орландо, вчера се сретна со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

„На средбата беа разменети искуства од аспект на предизвиците со кои се соочуваат двете земји за зголемување на ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата, при што беше истакната важноста од професионално, независно и објективно работење на институциите кои се одговорни за обезбедување на владеењето на правото. Од страна на министерот Орландо беше изразена поддршка за работата на специјалното јавно обвинителство, при што беше истакнато значењето од исполнување на исклучително важниот мандат што му е зададен“, информираат од СЈО.

meta.mk

Сподели: