Вести Македонија Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Уставен за Законот за јазици

Сподели:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска во посета на Струга, како дел од подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори коишто ќе ги имаме оваа година, одржа прес-конференција на која кажа дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто останува на своите ставови. Промената на името и идентитетот не ги признаваат, тоа не го поддржувааат и никогаш нема да го прифатат.

„Од друга страна ќе ги преземеме сите правни механизми во однос на законот за јазиците и како што веќе најавивме ќе поднесеме кривични пријави за Талат Џафери и директорот на Службен весник, меѓутоа исто така ќе поднесеме иницијатива до Уставниот Суд за преиспитување на уставноста на истиот закон.

Исто така би сакал да напоменам уште неколку работи што веќе последнава недела и те како се актуелни во Македонија, односно повторно би го актуелизирал прашањето односно нашето барање за предвремени парламентарни избори. Доколку навистина мислат на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија, тогаш уште еднаш ги повикуваме да излезат на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори и конечно да ставиме крај на оваа агонија во којашто живееме во последните две години.

Во неколку случаи во последниов период вклучувајќи го и референдумот од 30 септември, не ја послушаа волјата на народот, целосно игнорирајќи ја и потценувајќи го македонскиот народ и сите коишто живеат во Република Македонија, затоа ги повикуваме на избори уште еднаш да се соочат со народот од таму сме сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и Зоран Заев и сите од владејачката коалиција ќе ги пратиме во политичка пензија.“, соопшти Јанушев.

Сподели: