Вести Македонија Ударни вести

Јапонија ќе донира машина за рециклирање на медицински отпад на клиниката за инфективни болести

Сподели:

Денеска во амбасадата на Јапонија во Скопје во присуство на министерот за здравство д-р Венко Филипче, н.е. амбасадорот Хиронори Савада и економската директорка на КИБФС Мирјана Печевска Поп-Илиев потпишаа договор за поддршка во рамки на јапонската гранд Програма за мали проекти за човековата безбедност (GGP) во Република Северна Македонија.

Со овој договор, Клиниката за инфективни болести ќе добие машина за рециклирање на медицински отпад со што ќе се зголеми безбедноста на медицинскиот персонал и пацинетите преку итно безбедно отстарнување на инфективниот и опасен отпад.
Министерот Филипче, изрази благодарност за поддршката што Јапонија и ја дава на нашата земја години наназад, посебно во овие клучни моменти во ковид пандемијата.

-Ја цениме особено вашата поддршка во овие специфични моменти кога се соочуваме со пандемијата на ковид 19 вирусот. Поддршката на јапонскиот народ е нешто што има континуитет и тоа е процес која започна во 1996 година, се уште трае и еве со овие седум милиони евра поддршка на здравствениот и образовниот систем, таа поддршка и пријателство уште еднаш се потврдуваат. Би сакал да ја потенцирам важноста на оваа соработка со амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ, затоа што сите наши заеднички проекти биле планирани детално за да им служат на граѓаните, на пациентите, но и на здравствените работници кои ги користат овие апарати. Овој последен специфичен проект за кој сме денес тука е од особено големо значење, бидејќи Универзитетската Клиника за инфективни болести ги третира најголемиот број на пацинети со ковид 19 вирусот, како најстручни во делот на инфективната проблематика во земјава. Овој медицински апарат за нив е од голема важност, како за безбедност на пацинетите, така и за медицинскиот персонал што работи таму. Се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме и во периодот што претстои. Би сакал да ви се заблагодарам и за проектот што допрва почнуваме да го реализираме на повеќе локации во државата како Дебар и Гостивар каде ќе се обезбедат услуги кои до сега не им беа достапни на пациетите во овие здравствени центри – истакна Филипче.

Н.Е. амбасадорот Хиронори Савада истакна дека програмата за мали проекти GGP е показател за помош на вистински пријатели во неволја.

-Благодарение на прекрасното партнерство со многу македонски партнери, ние имлементиравме повеќе од 148 GGP проекти, вклучувајќи 47 проекти за здравствени установи и ние, јапонскиот народ сме многу среќни што продолжуваме со поддршката во оваа земја, бидејќи вистинските пријатели си помагаа во неволја. Во рамки на програмата за мали проекти (GGP), ние исто така ќе потпишеме уште 5 проекти во февруари и, веројатно, уште неколку ќе бидат потпишани во март – изјави н.е. амбасадорот Хиронори Савада.

Благодарност до јапонскиот народ и амбасадата изрази и економската директорка на КИБФС.

– За нас како Инфективна клиника која цела година стои исправено во првата борбена линија со Кoвид19, секоја поддршка е од огромно знчење. Посебно ваков специфичен проект кој што го припремавме во најголемиот ек на пандемијата во Мај 2020 година, беше предизвикувачки за нас, особено заради тоа што бевме свесни за неговата важност -рече Мирјана Печевска Поп-Илиев економски директор на ИКФБС

Јапонија освен во здравството ја поддржува нашата држава во повеќе сектори како инфраструктурен развој, образование, животна средина, култура, спречување природни катастрофи, бегалска криза како и итна помош, во вредност од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинсниска помош. Денешниот гранд е во висина од 65.801 евра.

Сподели: