Вести Македонија Ударни вести

Јавна осуда за Џаџиевски за коментарот “Конечно во друштво со интелектуално рамноправни на себе”

Сподели:

Комората на психолози го осуди дискирминторскиот говор на психологот Јове Хаџиевски и најави итна седница за преземање соодветни мерки против својот член.

Реакцијата на Комората доаѓа по јавната осуда за Хаџиевски, кој на својот ФБ профил, сподели слика на премиерот Зоран Заев и две момчиња со Даунов синдром со свој коментар „Конечно во друштво со интелектуално рамноправни на себе“.

 

 

„Комората на психолози остро ги осудува и се оградува од навредливи и дискриминирачки ставови објавени на приватен профил на ФБ од страна на член на комората. Управниот одбор на комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно етичкиот кодекс на психолозите“, стои во реакцијата од комората.

Хаџиевски се извини, откако на негова адреса стигнаа бројни осуди по социјалните мрежи за навредливиот коментар. Тој е психотерапевт и претседател на Интернационалниот Гешталт институт во Македонија.

Фотографијата на премиерот Заев и момчињата со Даунов синдром е објавена на страната на Владата, кога им беа врачени признанија на сите спортисти, кои учествувале на меѓународните натпревари, Олимписки игри, Параолимпијадата и на Специјалната олимпијада.

Сподели: