Јавниот превоз утре ќе функционира непречено

Сподели

 

Функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки.

ЈСП Скопје апелира до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП, информираат оттаму.

Медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити.