Јавното обвинителство води предистражни постапки против невладините и БЕСА

Сподели

 

Одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство Скопје води предистражна постапка за незаконско финансирање на изборниот процес против повеќе невладини организации и политичката партија БЕСА, јавува Нова ТВ.

Порталот како извор на информацијата посочува „многу високи извори во истрагата кои поради личната безбедност побарале да останат анонимни“.

Според нив, станува збор за невладини организации кои се финансирале од странски донатори, како владата на САД и други влади од западните земји и фондацијата „Институт 0творено општество“.

Предметот, пишува Нова ТВ, бил оформен помеѓу 20 и 30 декември, непосредно по завршувањето на предвремените парламентарни избори или три дена по прогласот на ВМРО-ДПМНЕ во кој најави борба со невладиниот сектор или таканаречената „десоросизација“.

Во предистражната постапка, наводно, биле вклучени високи безбедносни служби во полицијата.