М-р Јовица Андоновски, поранешен заменик министер за здравство ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство од неговиот претходник, Оливер Миланов.
Клучните насоки и стратегиски приоритети на Андоновски се во насока на унапредување на ефикасноста, професионалноста, зајакнување на контролите и доследно спроведување на законите во Агенцијата за храна и ветеринарство. Неговите принципи на работа се темелат на вреднување на тимската работа, стручноста, одговорноста и транспарентноста.
Основна цел и мисија е заштита на безбедноста на храната, како и здравјето и благосостојбата на животните. Од вработените очекува посветена работа што ќе донесе конкретни резултати во интерес на сите граѓани.
М-р Јовица Андоновски е дипломиран економист, од Велес, кој како кадар на Социјалистичка партија на Македонија досега во два мандати ја извршуваше функцијата заменик министер за здравство (2012 -2017 и 2024 – 2026).


