ЈСП повторно воведува ноќни линии

Сподели

 

Од денеска, 28.декември, повторно ќе бидат во функција ноќните линии на ЈСП Скопје и тоа линиите: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65 В.

Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП Скопје и на Град Скопје.

На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на градот пред две години, информираат од ЈСП. 

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65В, ќе сообраќаат секој ден, а останатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Прегледот на возниот ред и трасите на линиите е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот ВОЗЕН РЕД/НОЌНИ ЛИНИИ.