ЈСП: Распоред на јавниот превоз за време на претстојните првомајски празници

Сподели

 

Jавниот превоз во петок (1.05.2020 год), сабота (2.05.2020 год) и недела (3.05.2020 год) ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

 

 

Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Во петок (1.05.2020 год) и во недела (3.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

Во сабота (2.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот).

 

Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието.

Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е согласно одлуката на Влада на РСМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници, известуваат од ЈСП.