Вести Македонија

Кабинет на Вељаноски: Пратенички прашања ќе има на крајот на јуни

Сподели:

Trajko-Velanoski

Кабинетот на претседателот на Собранието е изненаден од денешната прес-конференција на Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Од кабинетот на Трајко Вељаноски велат дека Сугарески пред неколку дена бил информиран дека прашањето за одржување седница за пратенички прашања ќе биде отворено на координација в понеделник.

– Во овој момент, исполнети се условите за следна седница за пратенички прашања и таа ќе биде закажана за последниот четврток во јуни – велат од кабинетот на Вељаноски и додаваат дека во претходниот период, седница за пратенички прашања не била закажана затоа што не беа изминати првите сто дена од изборот на Емил Димитриев за премиер и затоа што Собранието било распуштено.

http://meta.mk/kabinet-na-velanoski-pratenichki-prashana-ke-ima-na-krajot-na-juni/

Сподели: