И оваа година, ЗОО Скопје започнува со кампањата „Стоп за петарди и огномет”.
Новогодишните празници треба да бидат симбол на радост, топлина и заедништво. Но, за многу животни и деца, гласните петарди и огномети значат страв, паника и сериозна опасност.
Зошто апелираме да не се користат пиротехнички средства и огномет?
-Животните имаат многу поосетлив слух од луѓето. Гласните и ненадејни експлозии предизвикуваат екстремен стрес, панични реакции и дезориентација.
-Домашни миленици бегаат, се повредуваат или добиваат трајни трауми.
-Дивите животни и птиците ги напуштаат своите живеалишта, често завршувајќи повредени или загинати.
-Во зоолошките градини, животните трпат сериозен стрес кој може да влијае на нивното здравје, апетит и однесување.
-Петардите и огнометите се опасни и за децата
Петардите се експлозивни средства, доволно е една секунда невнимание која може да резултира со тешки повреди на рацете, лицето или слухот.
Секоја година се регистрираат бројни несреќи со деца, со трајни последици.
Гласните детонации предизвикуваат страв, анксиозност и нарушен сон кај многу дечиња
Во име на оние кои не можат да зборуваат, ЗОО Скопје ве повикува на одговорност, хуманост и емпатија.
Да кажеме СТОП за петарди и огномет, празниците може да бидат убави и без бучава и детонации.


