Катерина Бошковска e нова директорка на Детска клиника Козле

Сподели

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата “Козле” е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. 

Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. 

Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. 

Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.