Кацарска: Најголем успех се предметите за новинарите од 27 април со кои се утврди повреда на слободното изразување

Сподели

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во интервју на Топ тема на Телма говореше на повеќе теми поврзани со работата на Судот, предметите, заканите кои беа упатени до неа, правосудството во Република Северна Македонија… Прашана кои предмети ги смета за најголем успех во нејзиниот три годишен мандат Кацарска одговори: 

“Сите предмети што се завршени сметам дека се успех на Уставниот суд, посебно сум горда на предметите кои се однесуваат на новинарите за настаните од 27 април. Тие предмети беа две години во Судот и немаше одлука. Според мене, тоа е добра одлука, спречивме тие предмети да одат во Стразбур затоа што утврдивме повреда на слободата на изразување на мислата, одговори претседателката на Добрила Кацарска.