Ќе се воведе ПЦР тест за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака, Комисијата ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.