Коалицијата “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” во Аеродром

Сподели

 

“Одлучно за Аеродром” со кандидатката за градоначалничка, Билјана Аврамоска Ѓореска и носителот на советничката листа, Андреј Крстевски

 

 
 
Вечерва граѓаните на општина Аеродром во голем број и дадоа безрезервна поддршка на коалицијата “Одлучно за промени”, предводена од Зелената партија ДОМ и од ЛДП, решени својот глас на овие локални избори на 17 октомври да го дадат за кандидатката за градоначалничка, Билјана Аврамоска Ѓореска и за носителот на советничката листа, Андреј Крстевски и да го заокружат редниот број 2.
 
 
 
 
На присутните им се обратија лидерите на двете партии, Маја Морачанин и Горан Милевски, како и кандидатите за споменатите функции и носителот на советничката листа на град Скопје, професор д-р Никола Пановски.