Вести Македонија

Кодекс за фер и демократски избори ќе потпишат учесниците на изборите

Сподели:

Во пресрет на утрешниот почеток на кампањата за предвремените избори за пратеници на 11 декември, коалициите и политичките партии денеска треба да потпишат Кодекс со кој ќе се обврзат за фер и демократски изборен процес.

dik

Државната изборна комисија вчера ги повика претседателите на политичките партии кои ги предводат коалициите учесници на изборите, како и лидерите на партиите кои самостојно настапуваат со свое лично присуство и потпис, да ја реафирмираат заложбата за фер и демократски избори.

На потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори поканети се да присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

Кампањата за изборите на 11 декември започнува утре и ќе трае до 9 декември на полноќ. Ќе учествуваат 11 политички субјекти – пет коалиции и шест партии.

Сподели: