Кога се работи за поголема сума на ДДВ, државата потешко го враќа на компаниите

Сподели

Biljana-Peeva-Gjurik

Компаниите на кои државата треба да им врати данок на додадена вредноста (ДДВ) во износ поголем од два милиони денари месечно, многу потешко ги добиваат тие пари, покажува најновата анкета на 800 компании, што ја спроведе Стопанска комора на Македонија во август.

Доцнењата во исплатата подолго од предвидениот рок им задаваат тешкотии во работењето. За фирмите кои имаат помала сума на повраток на ДДВ. пак, законскиот рок од еден до три месеци е прифатлив период и не им задава проблеми во работењето.

– Компаниите што поднесуваат барања за повраток на ДДВ за поголема сума на месечно ниво, имаат проблем со ликвидноста и тие средства не можат да ги искористат за други намени – истакна директорката на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ.

40 проценти од компаниите алармирале за проблеми со наплатата на побарувањата од јавниот сектор. Кога исплатата доцнела подолго од предвидениот законски рок, компаниите биле принудени да земаат нови кредити и биле изложени на дополнителни трошоци и загуби во работењето.

Посебен проблем на компаниите им претставувала и наплатата од јавните претпријатија, со кои, на пример, добиле судски спор. Според членот 211 од Законот за извршување, претседателот на општинскиот суд може да одлучи дека парите на сметката на јавното претпријатие се за извршување на тековните обврски, што практично значи ставање вето на исплата на долгот кон компаниите.

meta.mk