Вести Македонија

Коронавирусот ги обедини сервисите за проверка на факти за борба против дезинформациите

Сподели:

 

„Армија“ од најмалку 48 организации од целиот свет од саботата обединети во рамките на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) од петокот работат на разобличување на дезинформациите за коронавирусот. 

Според она што го соопшти IFCN, најбројни се дезинформациите дека е подготвена вакцина за овој опасен вирус што од Вухан, Кина полека почна да се шири и во други градови на најнаселената земја и во светот, а следни по застапеност се големиот број лажни информации за изворот на фаталната болест. Теориите на заговор се на третото место, пренесува Мета.мк.

Меѓународната мрежа на проверка на фактите за новооткриениот сој на коронавирусот ќе функционира се додека болеста се шири, а може да се следи и на социјалните мрежи, преку хаштаговите #CoronaVirusFacts и #DatosCoronaVirus.

Првиот бран дезинформации е тврдењето дека пред неколку години е издаден патент за вирусот. Во САД, организациите-учеснички разоблчија дсетици постови на социјалните мрежи и докажаа дека во моментот не постои вакцина против вирусот и дека сите дезинформации од оваа категорија се поврзани со претходно познати видови на коронавирусот.

Инаку, коронавирусите првпат се идентификувани во 1960-тите години, а има значителн број видови. Од коронавирусите што ги напаѓаат луѓето, најзастапени се четири типа, а меѓу помалкубројните се и Сарс-от и Мерс-от.

Вториот бран невистини произлегол од Тајван, како географски многу близок на Кина. Во обидот да се заштитат себеси и другите од новиот силен коронавирус, луѓето на социјалните мрежи почнале да шират најразлични, честопати и бизарни начини за заштита. Така, Тајванскиот центар за проверка на фактите разобличил неколку постови кои тврделе дека, меѓу другото, со оцетна киселина човек може да се заштити од вирусот.

Интересна е и приказната на грузискиот сервис за проверка на фактите „Мит детектор“ кој разобличил вест на една руска телевизија, која стара снимка од лабораторија за биолошка заштита ја поврзала со „информација“ дека САД го шират коронавирусот 2019 во Азија преку свои лаборатории во регионот.

„Пораката е јасна: Ако нема потврда од медицинските власти, не споделувајте информации за заразени или смртни случаи од новиот коронавирус“, порачува Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN).

Сподели: