Кривичен суд: Одлуката на Иванов ќе ја спроведеме штом ќе ја добиеме

Сподели

Krivicen-sud-860x680

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и во моментов не може да каже што ќе преземе во врска со случаите за кои беше запрена постапката поради помилувањата, велат од Основниот суд Скопје 1.

„Секако по добивање на одлуката судот ќе постапува и ќе ја спроведе одлуката согласно законските надлежности. Што се однесува до постапките на гонење на одредени лица што беа опфатени со аболицијата, а кое гонење беше започнато од Специјалното јавно обвинителство и прашањето дали иститите ќе продолжат, ве известуваме дека судот не е орган надлежен да гони, па за сите прашања ве упатуваме да се обратите токму до Обвинителството кое го отпочнало гонењето“, велат од судот.

Во врска со службеникот во МВР, Зоран Костовски на кого по аболицијата му беше запрено издржувањето на затворската казна на која беше осуден за случајот „Пуч“, од Кривичниот суд информираат дека по добивањето на одлуката на Иванов за повлекување на аболицијата, доколку таква е донесена, таа ќе биде доставена до судија за извршување санкции.

„За предметот во јавноста познат како „Транспортер“ и барањето на СЈО за замрзнување на имот на одредени лица кои се опфатени во овој предмет, ве информираме дека до Кривичниот суд сè уште не доставено барање за оштета спрема трето лице согласно законските одредби од страна на надлежното обвинителство и барањето сè уште не е уредено како би постапувал судот“, велат од Кривичниот суд.

Кривичен суд: Одлуката на Иванов ќе ја спроведеме штом ќе ја добиеме