Кривична пријава за посредување во вршење проституција

Сподели

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.О.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција” казниво по член 191 од Кривичниот законик.

Пријавениот во период од две години се до 08.02.2023 на 20-годишна девојка од Битола и договарал клиенти и локации во градот за одреден паричен надомест, а повремено и тој бил присутен на местото.

По преземени мерки и активности, тој бил лишен од слобода и му е поднесена пријавата.