Вести Македонија

Кривичниот суд ја доставил жалбата на Талески до Апелација, нема потврда дека е примена

Сподели:

osnoven-sud-skopje-1

Кривичниот суд денеска суд ја доставил до Апелацискиот жалбата на одбраната за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

Оттаму велат дека сè уште ја немаат добиено доставницата, односно потврдата од Апелацискиот суд дека ја добиле жалбата, но очекуваат тоа да се случи во текот на денешниот ден.

Од Кривичниот суд уште еднаш потврдија дека на 16 јуни по електронски пат и преку пошта до битолската полиција, која треба да ја изврши судската наредба, било испратено решението за куќен притвор за градоначалникот Талески.

Сепак, како што велат од судот, сè уште немаат добиено потврден одговор од СВР Битола дека го добиле решението.

http://meta.mk/krivichniot-sud-ja-dostavil-zhalbata-na-taleski-do-apelatsija-nema-potvrda-deka-e-primena/

Сподели: