Вести Македонија

Кундерс на средба со Попоски: Селективната аболиција е против принципите на владеење на правото

Сподели:

17167528745_04530a8ae2_o-860x680

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со Берт Кундерс неговиот холандски колега за време на неговата посета во Холандија.

Тема на разговорите меѓу двајцата министри биле предизвиците со кои се соочува Македонија.

Попоски рекол дека Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон ЕУ го гледа во успешно спроведување на избори врз објективни критериуми.

„Холандија, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ и долгогодишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за водење на пристапните преговори. Кај Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон ЕУ се гледа во успешно спроведување на избори врз објективни критериуми. За таа цел потребно е час поскоро надминување на политичките предизвици со домашни ресурси. Перспективата за отворање на преговори е моќен инструмент за ЕУ процесот на пристапување, особено по клучните поглавја кои се поврзани со правосудството и внатрешните работи, посочи министерот Попоски“, соопшти македонското МНР.

Како што соопштија од холандското МНР,  Кундерс, во разговорите нагласил дека лидерите на главни политички партии во Македонија се одговорни за изнаоѓање излез од политичката криза.

– Тие мора да создадат услови за слободни фер услови и да се ангажираат во конструктивен дијалог. Се разбира, меѓународната заедница ќе помогне ако е неопходно. Одржувањето на слободни и фер избори се исто така дел од т.н. Договор од Пржино и потребни се неопходни реформи, вклучувајќи ги и оние во областа на медиумите, истакнал Кундерс.

Како што се наведува во соопштението, Кундерс се осврнал критички на селективното повлекување на аболицијата на претседателот Иванов само за политичари кои се под истрага во врска со скандалот со прислушувањата.

– Селективната аболиција е против принципите на владеење на правото. Кога законот е прекршен, извршителите треба да бидат обвинети. Не смее да постои неказнивост – рекол Кундерс.

http://meta.mk/kunders-na-sredba-so-poposki-selektivnata-abolitsija-e-protiv-printsipite-na-vladeene-na-pravoto/

Сподели: