Куновска даде оставка во градската организација на СДСМ поради Поповска

Сподели

sofija-kunovska111-860x680

Софија Куновска поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ незадоволна од листите за кандидати на пратеници, дознава СДК од извори во партијата.

На состанокот на Извршниот одбор на партијата пред одржувањето на Конгресот Куновска поднела оставка и рекла дека останува во кампањата како посветен член на СДСМ до конечно уривање на режимот на Груевски.

Но, таа реагирала на поставувањето на Лилјана Поповска, лидерката на ДОМ со прашањето: „Како е можно таа што беше втора зад Груевски на листата на режимот од 2014 денес да е на шесто место на листата што треба да го урива режимот“.

Куновска во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица, а на овие избори не е на ниту една листа.

Таа забележала дека во СДСМ нема доволно дебата и свесна е дека е еден од членовите што бара поголема демократија во рамките на самата партија, што можеби некому му пречи и затоа ја отстранува.

Куновска прашала и како е можно луѓетo што во 2014 година убедуваа дека се сигурни во победата и затоа не беа на листите, сега да се најдат на добитни места на избирачкитe листи.

Куновска за порталот не била достапна за коментар по нејзината оставка. Таа е во хотелот „Александар Палас“ каде што се одржува Конгресот на СДСМ на кој треба да се верификуваат листите за кандидати за пратеници.