ЛДП: Намерно се уништува Офицерскиот дом во Битола

Сподели

ldp1

“ЛДП е згрозена од нефункционирањето на институциите во Битола и нивното душманско однесување кон се она што претставува симбол и културно- историска вредност на градот. Откако не успееја со продажбата на Офицерскиот дом во Битола, власта почна да применува нова тактика. Офицерски треба да се уништи, избербати и обезвредни до таа мера што самите битолчани да почнат да бараат да се продаде или пренамени, според нас, најубавиот и најрепрезентативниот објект на Широк сокак”, стои во соопштението на партијата.

„Зарем беше тешко таму да се постави 24-часовна чуварска служба, зарем беше тешко да се исчисти, да се осветли и да се заклучи објектот се до неговата реставрација. Власта изгледа не сакаше тоа да го направи, целта очигледно е негово уништување, а на тоа место можеби некој посакува да никне трговски центар, казино, паркинг или нешто слично кое ќе им обезбеди само краткорочен профит. Офицерски сега го загуби и шест деценискиот лустер со непроценлива вредност, ама и сега никој ниту сака, ниту помислува да поднесe оставка. Затоа, ние јавно повикуваме и бараме морална и кривична одговорност за првите луѓе на Завод и музеј Битола и ЈП Комуналец, кои ја имаат одговорноста да се грижат за Офицерскиот дом и за се што е во него, како недвижно и движно културно- исторско наследство на Битола.”

” – Господа, не се потребни пушки за да се брани културното наследство од натрапници, потребна е стручност и професионалност на оние во чии раце е оставено тоа богатство. Ако вака го штитите Офицерски, што останува за друго?“ се нагласува во соопштението.