Либерална партија: Да се отфрли барањето за амнестија

Сподели

Либералната партија смета дека барањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на учесниците во насилството извршено во Собранието на 27 април 2017 година, треба да се свати само како пропаганден потег со цел колку може некако да ги консолидира веќе растурените редови во својата партија.

На авторите на оваа идеја за амнестија сигурно им е јасно дека таа е неоснована и нејзиното усвојување би претставувало трајно поткопување на уставниот поредок во земјата, и водење на Република Македонија во хаос што ќе го загрози нејзиниот опстанок како држава. Ако тоа не им е јасно тогаш не само раководството на ВМРО-ДПМНЕ туку и членството треба да се подразмисли која е целта на постоењето на таа партија.