Личност на денот: Домника М. Кардула-Контактирајте ме доколку имате потреба од нешто, ќе ве услужам

Сподели

 

По препораките на Владата и Министерството за здравство и одлуките за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 со која сите нејзини мерки добиваат правна основа за нивно спроведување препораки и превенција од коронавирусот, започна и граѓанскиот сектор со активизам за помош и превенција.

Домника М. Кардула на својот фб профил, утрово објави една несебична акција за помош на луѓето кои се во изолација. Таа напиша:

Пријатели,

Со оглед на тоа дека некои од вас поради здравствени причини, патување во странство сте во самоизолација или поради природата на вашата професија немате потреба да излегувате од дома може да ме контактирате доколку имате потреба од нешто. Следејќи ги препораките уредно со маска и ракавици ќе можам да ве услужам.
Да бидеме рационални и да го намалиме бројот на луѓе кои се движат надвор.

Бидете добро, чувајте се себеси и тие околу вас Домника М. Кардула