ЉУБЕ БОШКОВСКИ: Македонија почна да се гради со стар материјал

Сподели

ljube-boskovski

-“Македонија цели 25 години е држава во која треба да владеат демократијата, правдата и да се почитуваат човековите права. Но, по 25 години самостојна Македонија ние слободно можеме да констатираме дека во Македонија е комплетно напуштена идеологијата на ВМРО откако со Љубчо Георгиевски ние кажавме за каква Македонија се бориме”, рече Љуба Бошковски денеска во Велес.

– За овие десет години во Македонија е инсталирана југоМакедонија од страна на оние кои себеси се нарекуваат вмровци. Во овие десет години Македонија почна да се гради со стар материјал, поточно удбаши и нивните наследници. Од таков материјал не може да се гради Република Македонија, рече Бошкоски.

Бошкоски додаде дека учеството на оваа коалиција на предвремените парламентарни избори на 11 декември е со намера да им се врати ВМРО на вмровците.