Лукаревска: УЈП ги проверува фирмите поврзани со „Рекет“

Сподели

 

На вчерашната прес-конференција директорот на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека Управата за јавни приходи ќе ги проверува фирмите поврзани со Бојан Јовановски.

Станува збор за БМЈ медиа груп, Меѓународниот сојуз и 1 ТВ. До петок налозите треба да бидат дадени за отпочнување на котрола за финансискиот прилив и одливот на средства во овие фирми.

„Ние ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците, и до петок би требало да ги дадеме налозите за отворање за отпочнување на конторла и во меѓународниот сојуз и во 1 ТВ, исто така и во БМЈ медиа груп и во сите оние останати даночни обврзници со коишто сме утврдиле преку анализата дека постоеле одреден вид на деловни односи. Исто така ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за коишто ќе ги утврдиме исплатите кои што се направени“, изјави Сања Лукаревска, УЈП.