Вести Македонија Ударни вести

Македонија го празнува 11. октомври – Денот на народното востание

Сподели:

Државниот празник 11.октомври, Денот на народното востание по 77.пат свечено се одбележува во Република Македонија.

Прилеп и Куманово годинава заедно го чествуваа „11 Октомври“ на свеченоста што се одржа во центарот на градот, во организација на Општина Прилеп, а на која присуствуваа делегација од Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев и делегација од Општина Куманово со градоначалникот Максим Димитриевски.

По повод државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, денеска ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

Денеска во собранието на РМ, ќе биде врачена и наградата 11.октомври. Добитници на наградата се проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петре Арсовски, актер и проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.

 

Сподели: