МАКЕДОНИЈА: Временска прогноза

Сподели

Денеска во утринските и претпладневните часови претежно сончево со локална облачност, а попладне се очекува зголемување на облачноста која што во северозападните, северните и североисточните предели ќе услови слаби врнежи од дожд, а на високите предели слаби врнежи од снег. Температурата ќе се движи  од 6 до 13 степени.

Врнежите од дожд во текот на ноќта кон недела како и во недела ќе се прошират насекаде во Македонија, а во недела дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени.

Во недела на повисоките места се очекуваат слаби врнежи од снег. Од понеделник повторно стабилизација на времето, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и температури од 5 до 12 степени. Во вторник студено утро со утрински температури од -5 до 3 степени, а во текот на денот претежно сончево и топло со дневни температури од 8 до 15 степени.