Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово

Сподели

 

Независниот кандидат од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на локалните избори.

“Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори. Денеска Куманово победи, не победи Максим Димитриевски и Македонија победи. И разликата е повеќе од шест илјади гласа”, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Куманово. Тој им вети на граѓаните дека сето она што го говорел во кампањата ќе биде реализирано.

-“Се базиравме на реално остварливи проекти. Ова е победа на демократијата. И покрај обидите на поединечни структури од режимот кој што за жал од СДСМ направија една партија, која што наликува на нешто што беше минато, ќе го дадам својот максимум да направам се за да ги смениме работите во иднина”, истакна вечерва Димитриевски.

Тој истакна дека е од редовите на СДСМ, дека е член и симпатизер и оти семејство и сите околу него се членови на СДСМ.

Кандидатот на СДСМ, Илиевски, го призна поразот и му честиташе на својот противкандидат. „Му честитам на победата и му посакувам успешен мандат“, изјави Илиевски.