Малолетник во Чаир со пиштол рекетирал ученик во училиште

Сподели

 

Денеска околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето.

Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.