Вести Македонија Ударни вести

Манчевски: Ќе се бара кадар за преговори со ЕУ и надвор од институциите

Сподели:

МИОА започнa консултативен процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

“Сакаме прво да ги чуеме искуствата на институциите кои ги имплементираат законите, анализита на граѓанскиот сектор и примерите од земјите во регионот, пред да ги подготвиме предлог измените. На денешната јавна расправа слушнавме голем број на конструктивни предлози кои ќе бидат дел од крајното решение – изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме  подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата, изјави Манчевски.

Сподели: