Вести Македонија Ударни вести

Манчевски: На пазарот има услови за дополнителен мобилен оператор

Сподели:

 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на „ ITU Телеком“, ги претстави условите за инвестирање во државата.

Тој, како што соопшти МИОА, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“,  а настанот на едно место собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање.

Зборувајќи за аспектите од ИКТ-сферата тој ги претстави поволните услови и развојот на оваа област.

-Секторот за ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47 отсто во изминативе пет години, при што опфаќа четири отсто од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади висококвалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ се основани во 2017 година – рече Манчевски.

Тој го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор, оценувајќи дека се уште има неискористени делови од пазарот кои може да ги пополни дополнителен мобилен оператор.

 

Сподели: