Вести Македонија Ударни вести

Манчевски: Се слушаше „Убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“!

Сподели:

По Џафери, за настаните од 27. април попладнево во Кривичниот суд сведочи министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на прашањето на обвинителот Дарко Јакимовски, Манчевски рече дека настаните почнале по завршувањето на прес-конференцијата за изборот на Џафери за претседател на Собранието.

Посочи дека слушнал кршење на стакло по ходниците и доаѓање на луѓе од кои некои со фантомки. Рече дека му бил удрен бокс и дека му бил скршен носот.

– Маваа по нас, некои со раце, некои со сталаци за камери, со столици, со компјутери. Тоа траеше два и пол часа. Села беше на крајната лева страна од групата пратеници кои бевме во ќошот од прес-центарот, кажа Манчевски.

Слушнале извици за закани, дел упатени конкретно за лица по име, а дел генерално за сите. Се слушало „убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“.

МИА

Сподели: