Манчевски: Ургентно да се повлечат роднините на функционерите од работните места во јавната администрација

Сподели

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, ги повика роднините на функционери и од власта и од опозицијата веднаш да се повлечат од своите работни места во јавната администрација. Нивните вработувања ќе бидат доставени на анализа во Антикорупциска комисија – изјави Манчевски.

-“Ургентно е веднаш да се повлечат и тие од власт и од опозицијата. Ги повикуваме сите и до власта и од опозицијата да се повлечат, сите податоци и за едните и за другите ќе ги доставиме до Антикорупциска комисија” – рече Манчевски додавајќи дека не знае колкумина се веќе вработени, а кои се блиски до функционерите од власта и дека во иднина ќе има измени во начинот на вработувања, додавајќи дека проблемот е во раководната служба.

-Ако раководителот не се согласи на нешто, нема да се случи и нема да се врши притисок, така да почнуваме од врвот – изјави министерот Манчевски.