„Марш за зелен Карпош“ утре во 18 часот, пред „Сити мол“

Сподели

protest-karpos1

Граѓаните од иницијативите „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ утре, во 18 часот, ќе организираат „Марш за зелен Карпош“, со кој ќе ја блокираат крстосницата кај „Скопје сити мол“ за да укажат на, како што велат, самоволието на локалната самоуправа на општина Карпош, која нетранспарентно и со негрижа се обидува да интервенира во урбанистичкиот план.

По блокирањето на крстосницата, ќе се упатат кон паркот на улица Букурешка, каде ќе се одржи отворена дискусија.

Жителите на Карпош бараат од градоначалникот на општина Карпош и од Советот на Општината да ги стопираат новите детални урбанистички планови, да ја спречат реализацијата на планот кој предвидува на местото на паркот на Букурешка да се изгради зграда, како и граѓаните да бидат интегрирани во одлуките што влијаат на нивните секојдневни животи.

„Марш за зелен Карпош“ утре во 18 часот, пред „Сити мол“