Матичните лекари почнаа да препишуваат терапија која ја даваа само специјалисти

Сподели

 

Системот „Мој Термин“ од денеска е надграден и лековите што се одобрени за висок крвен притисок, дијабетес, астма, проблеми со намалена функција на тироидната жлезда и хронично-опструктивна белодробна болест и сега може да ги препишуваат матичните лекари.

 

 
“Започнавме реформска мерка со која овозможуваме матичните лекари да препишуваат хронична терапија за своите пациенти и со ова постигнуваме суштински промени и унапредувања за пациентите и за здравствените работници”,  истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити при денешната посета на ординацијата на д-р Марта Тунџева, која е долгогодишен матичен лекар.
 
Посетата министерот Меџити ја реализираше на стартот кога во пракса матичните лекари започнаа да препишуваат терапија за дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија.
 
Тој беше сведок на одличен старт на реформата во ПЗЗ која ќе овозможи матичниот лекар максимално да се посвети на пациентот и ќе го олесни секојдневието на хронично болните.