Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретна со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на којашто беше искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/12/foto1-5-1024x682.jpg)
На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што РС Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја.
Тие разговараа за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство.
Министерот за извоз, Лорд Офорд од Гарвел изрази поддршка и подготвеност за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2019/12/SEMM-baner_MK.jpg)