Вести Македонија Ударни вести

Меѓународен ден на ОН за борба против користење на недозволена трговија со дрога

Сподели:

 

Меѓународниот ден на Обединетите нации за борба против користење и недозволена трговија со дрога се обележува секоја година на 26. јуни, со цел да ја подигне свеста за овој значаен проблем во општеството. Овој ден е поддржан од поединци, заедници и различни организации во целиот свет.

Канцеларијата за дрога и криминал при ОН (UNODC), со текот на годините активно се инволвира во воведување кампањи за да моболизира поддршка за контрола на дрогата. UNODC често се обединува со други организации и ги охрабрува луѓето во општеството активно да учествуваат во овие кампањи.

Според UNODC, приближно 200 милиони луѓе ширум светот се корисници на нелегални дроги како што се кокаин, марихуана, халуциногени дроги, опијати и хипнотички седативи. Во декември 1987 година Генералното собрание на ОН одлучи 26 јуни да го означи како Меѓународен ден против злоупотреба и недозволена трговија на дрога. ОН беа решени да помогнат да се создаде меѓународна заедница ослободена од злоупотреба на дрога. Оваа резолуција препорачува понатамошно дејствување земајќи ги во предвид извештајот и заклучоците од Интернационалната конференција за злоупотреба на дрога и нејзина нелегална трговија, во 1987 година.

 

26juni2014 2

 

Следејќи ја резолуцијата, годините од 1991-та до 2000-та беа прогласени за „Деценија на Обединетите Нации за борба против злоупотреба на дрога“.

Во 1998 година Генералното собрание на Обединетите нации усвои политичка декларација која се однесува на глобалниот проблем со дрогата. Декларацијата ја изразува посветеноста на членките на ОН за борба со овој проблем.

ХОПС веќе пет години е дел од кампањата „Поддржи, не казнувај”, чиј фокус годинава е проблемот со лекувањето на зависности.

 

 

Околу 1,1% од граѓаните во државава пробале опоидни дроги, а околу 6.800 ги употребуваат со инјектирање. Има деца на возраст од 10 години кои пробале психоактивни супстанции, но најважно е што тие нема каде да се лекуваат.

Од ХОПС ги поздравија иницијативите кои се однесуваат на тоа дека пристапот до лекување за опијатна зависност е без листи на чекање, за дисперзија на лекувањето со бупренорфин, еден од супститутите за лекување на опијатна зависност во повеќе градови и постоењето придружни програми за заштита на здравјето на луѓето кои употребуваат дроги.

И покрај тоа што лекувањето е достапно во 10 градови, сепак на многу локации луѓето треба да патуваат и по неколку часа за да си го подигнат лекот. Околу 1.800 луѓе во државава се лекуваат од болести на зависност, што споредено со проценетата бројка на луѓе кои употребуваат дроги претставува една третина од оние кои имаат потреба за лекување, што е под европскиот просек.

Недостигот на психосоцијална поддршка, рехабилитација и ресоцијализација најмногу се должи на недоволниот кадар со стручна подготовка за да одговори на потребите на голем број пациенти. На најголем дел од локациите не постои доволен број психијатри за да одговорат на индивидуалните потреби, а во некои центри се издава не под надзор на психијатар, туку на медицински лица од други специјалности (гинеколози, ортопеди – изјавија од ХОПС.

Сподели: