Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје, денеска ќе го посетат археолошкиот локалитет Скупи.
Во рамките на посетата ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт – меѓународнa истражувачка институција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.
На настанот ќе биде потпишан и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт, кој има долгогодишна традиција во вршење археолошки истражувања на најзначајните археолошки локалитети во светот, и Музејот на град Скопје.
фото ДЗР


