МЕПСО: Лицето П.К. не работи како фризерка со плата од 43.900 денари, туку како хигиеничарка со плата од 19.200 денари

Сподели

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавност Ве информираме дека МЕПСО склучи договор за работен однос со лицето П.К. кое е вработено на работно место хигиеничарка со плата од 19.200 денари.

Работниот однос е заснован согласно со огласот за вработување објавен на 16 јули.  Со ова ги отфрламе како невистинити паушалните наводи објавени во јавноста дека фризерка е вработена во МЕПСО за плата од 43.900 денари кои штетат на објективното новинарство“, стои во соопштението на МЕПСО.

Од таму го испратија и објавениот оглас на интернет страницата на МЕПСО – линк.

Цитат од делот од огласот што се однесува на горенаведеното работно место:

5. 1 (еден) извршител на работното место ХИГИЕНИЧАР во Работилница , во служба за одржување на ТС ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со основно образование – I степен основно училиште , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19.200,00 денари.