Мери Дика Георгиевска денеска започна со работа во Уставниот суд

Сподели:

Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој  ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и  вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. 

Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител.

Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.

Сподели: