Вести Македонија

МИЈАЛКОВ ИЗЛЕЗЕ ОД СЈО, ПО ДВА ЧАСА РАСПИТ

Сподели:

sasho-mijalkov-565x317

По два часа распит во СЈО, си замина поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, Тој во СЈО пристигна околу 13.30 часот, а си замина околу 15.30 часот придружуван од адвокатот Никола Додевски и неговиот телохранител.

Тој ги одмина новинарските екипи кои во голем број го чекаа пред објектот на СЈО, а на нивно инсистирање да даде изјава само кусо рече „Во друга прилика“.

Мијалков за 24 часа вторпат се појавува пред правосудните органи за случаи што ги води СЈО. Тој вчера заедно со Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет, и со Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, беше на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“.

СЈО бара од судот на Мијалков и на другите двајца да им одреди мерки на претпазливост, односно да им ги одземат пасошите. Засега нема информација што одлучила судијката на претходна постапка.

Сподели: