Милошоски со снимка против Заев – СДСМ: Милошоски е очаен криминалец

Сподели

 

Пратеникот Антонио Милошоски на денешната комисиска расправа за предлог законот за Јавно обвинителство, пушти снимка за Зоран Заев, која  ја добил од свиркач.

 

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/videos/601890883925342/

 

“Почитуван пратеник А. Милошоски
Како граѓанин на оваа земја, непосреден сведок на селективноста и незаконитоста присутни во работата на јавното обвинителство, ви доставувам аудио материјал кој е од висок јавен интерес, односно содржи сериозни индиции за криминал и корупција на избрани и именувани функционери.

Се повикувам на Законот за заштита на укажувачите (свиркачи) од 2016 година и на јавниот интерес за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција и апелирам до вас како пратеник, како ваша должност пред граѓаните, да го споделите овој аудио материјал и транскрипт со колегите пратеници и медиумите како заштитници на јавниот интерес – навел свиркачот.”

На оваа снимка од СДСМ излегоа со соопштение, во кое се вели:

“Паника и нервоза владее во ВМРО-ДПМНЕ од носењето на Законот за јавно обвинителство и од тоа што не успеаја да го одбранат криминалот на Никола Груевски.

Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази.

Милошоски е очаен криминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на ЗЈО.

Милошоски е криминалец, радикал и штетен за државните интереси, познат по незаконската лустрацијата, сомнителните зделки и тајните преговори за името.

Граѓаните многу добро знаат како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со медиумите и новинарите. Од закани за фрлање во ендеци, апсења и затворање на новинари, упади во медиуми, венци за новинари на домашни адреси, до медиумски мрак и загушени медиумски слободи.

Оваа власт предводена од СДСМ ја врати слободата и има ист третман кон сите медиуми.
Оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари.

Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем се дозна и вчера на судското рочиште.

Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, а Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и Никола Груевски се носители на криминалот” – стои во соопштението на СДСМ.