Минималната потрошувачка кошница за март изнесувала 32.852 денари

Сподели

На четиричлено семејство му биле потребни 32.852 денари во месец март, за покривање на основните месечни потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Во споредба со јануари оваа година, вредноста на кошницата е зголемена за 91 денар, додека споредено со потрошувачката кошница од март 2018 година, таа за 12 месеци поскапела за 434 денари.

Минатиот месец најмногу пари биле потребни за храна и пијалоци – 13.799 денари, а 10.414 денари биле потребни за домување. За хигиена се одвојувале 2.325 денари, додека за превоз 2.387 денари.

Едно четворочлено семејство претходниов месец трошело просечно по 2.154 денари за облека и обувки, а 1.070 денари за култура. Најмалку пари од граѓаните издвојуваат за одржување на здравје – 703 денари.