Мицкоски: Гаши да биде мандатар на владата и да има предвремени избори

Сподели

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, побара вонредни парламентарни избори и преодна влада во февруари или март.

-Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши, да биде новиот мандатар на преодната влада, наместо Димитар Ковачевски и да ја реши енергетската и економската криза. Ова да биде до одржувањето на парламентарните избори. Очекувам и ДУИ да го поддржи Гаши за премиер, рече Мицкоски на прес-конференција во седиштето на партијата.

Од Алтернатива му се заблагодарија на Мицкоски за изразената почит кон Гаши, но партијата излезе со став дека моментално е во друг процес кој уште не е завршен и во овој период немаат причина да зборуваат за ништо друго.

На новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, Мицкоски му порача да се одважи и да излезе на предвремени избори, за да си го потврди легитимитетот.
 

-Би му порачал на Ковачевски да излезе на избори и да побара доверба од граѓаните. Во спротивно, засекогаш ќе остане во гнездото на Зоран Заев, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека во земјава е потребен „нов импулс, нова сила за реформи, една заедничка платформа, обединување околу новМицкоски договор со народот, за работите кои му се важни на народот“.